Достапни линкови

Размената на затвореници за Талибанците е победа


Авганистанскиот талибански лидер Мула Мухамед Омар ја нарече размената на пет притвореници од затворот Гвантанамо за американскиот војник заробен од Талибанците голема победа. Во реткото јавно обраќање вчера, тој рече дека ги изразува искрените честитки до целата авганистанска муслиманска нација. Американскиот војник заробен од Талибанците им беше предаден на силите на САД во Авганистан на 31 мај.
Договорот со кој се осигура неговото пуштање предвидуваше трансфер на пет талибански бунтовници од американскиот воен затвор Гвантанамо во Катар. Белата куќа ја бранеше размената од критиките на републиканците кои сметаат дека договорот ги става Американците во ризик. Секретарот за одбрана Чак Хејгел рече дека САД морале да реагираат брзо за да го спасат животот на војникот.
XS
SM
MD
LG