Достапни линкови

Нова рунда разговори меѓу Москва и Киев за долгот за гас


Нова рунда преговори за украинскиот долг за гас кон Русија се очекува да се одржи денеска во Брисел, откако Киев направи трансфер на дел од долгот кон Москва.

На крајот од разговорите со посредство на Европската Унија што се одржаа во Берлин на 30 мај европскиот комесер за енергетика Гинтер Етингер рече дека Украина и префрлила на Русија 786 милиони долари за да ги одржи преговорите живи.

Москва бараше од Киев да и плати 2 милијарди долари до крајот на минатиот месец.
XS
SM
MD
LG