Достапни линкови

logo-print

Обама во европска турнеја


Американскиот претседател Барак Обама денеска ја почнува својата европска турнеја. Во следниве четири дена тој ќе ги посети Полска, Белгија и Франција.

Турнејата се одржува во период во кој продолжуваат тензиите во источна Украина меѓу украинските безбедносни сили и проруските сепаратисти.

Во Полска, Обама ќе се сретне и со новиот украински претседател Петро Порошенко, а во Белгија со лидерите на членките на групата седум, со кои меѓудругото ќе разговара и за можните идни санкции врз Русија. Американскиот претседател во Франција ќе присуствува на 70 годишнината од инвазијата на Нормандија на која се очекува да присуствува и неговиот руски колега Владимир Путин.
XS
SM
MD
LG