Достапни линкови

logo-print

Граничниот спор меѓу Словенија и Хрватска во судот во Хаг


Во арбитражниот суд во Хаг денеска почнува усната расправа за решавање на граничниот спор меѓу Хрватска и Словенија. Судот треба да ја утврди границата меѓу двете земји на копно и на море, како и врската на Словенија со отвореното море и режимот на употреба на морските подрачја.

Овој проблем меѓу Загреб и Љубљана постои уште од осамостојувањето во 1991 година, но се актуализираше во 2008 година, кога Словенија ја услови својата поддршка за хрватското влегување во Европската Унија со решавање на спорот.
XS
SM
MD
LG