Достапни линкови

Де факто претседателот на Абхазија поднесe оставка


Де факто претседателот на Абхазија, Александар Анкваб.

Де факто претседателот на Абхазија, Александар Анкваб.

Де факто претседателот на Абхазија, Александар Анкваб, соопшти дека поднесува оставка на функцијата по политичкиот пресврт од последните неколку дена. Во денешното соопштение, Анкваб наведува дека поднесува оставка поради стабилноста на земјата. Парламентот вчера прогласи дека Анкваб не може да ги извршува своите должности како претседател и распиша предвремени претседателски избори за 24 август. Пратениците вчера го избраа претседателот на Собранието, Валериј Бганба, за в.д. претседател на државата, но Анкваб оцени дека тоа е неуставно. Александар Анкваб се крие во руска воена база, каде што избега откако опозициските демонстранти упаднаа во неговиот кабинет на 27 мај барајќи оставка од владата. Абхазија е отцепен грузиски регион каде што Русија има распоредено свои сили по војната против Грузија во 2008 година.
XS
SM
MD
LG