Достапни линкови

Емирот на Кувајт во историска посета на Техеран


Емирот на Кувајт Шеик Сабах Ал Ахмед Ал Сабах.

Емирот на Кувајт Шеик Сабах Ал Ахмед Ал Сабах.

Емирот на Кувајт пристигна во историска посета на Техеран со цел зајакнување на врските со Иран. Иранските државни медиуми јавуваат дека емирот Шеик Сабах Ал Ахмед Ал Сабах денеска пристигна во дводневна посета на Иран, придружуван од кувајтските министри за надворешни работи, нафта, финансии, трговија и за индустрија. Според извештаите, емирот ќе се сретне со иранскиот претседател Хасан Рохани и други високи функционери. Саудиска Арабија и другите арапски земји од Советот за заливска соработка, кои се сојузници на западот, се претпазливи од иранското влијание во регионот. Рохани вети дека ќе ги подобри односите со соседните земји, откако ја презеде претседателската функција минатата година.
XS
SM
MD
LG