Достапни линкови

Кличко вети дека нема со сила да ги растерува демонстрантите од Киев


Новоизбраниот градоначалник на Киев, Виталиј Кличко, пред насобраните демонстранти на Плоштадот на независноста денеска рече дека нема да употреби сила за растурање на нивниот протестен камп кога ќе ја преземе функцијата. На плоштадот имало неколку илјади луѓе. Поранешниот претседател Виктор Јанукович беше соборен од власт во февруари годинава по тримесечни протести. Голем дел од протестниот логор остана на плоштадот и по доаѓањето на власт на новата прозападна влада, која демонстрантите ја повикуваат да ги спроведе неопходните реформи. Кличко претходно ги повика демонстрантите да ги спакуваат шаторите и да заминат во своите домови. Украинските медиуми јавуваат дека насобраните го исвиркале Кличко, аплаудирајќи само кога тој рече дека се потребни предвремени парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG