Достапни линкови

Забрането пушење во руските кафеани


Денеска стапува на сила забраната за пушење во угостителски објекти во Русија, каде што се проценува дека има околу 44 милиони пушачи. Ова се последните мерки за промовирање здрав начин на живот на претседателот Владимир Путин. Минатата година пушењето беше забрането во владините згради, а денеска забраната се проширува и на рестораните, хотелите, баровите и возовите. Цигарите од денеска не смеат да бидат изложени на видно место во продавниците, а не може да се продаваат во киосци. Сопствениците на барови и ресторани остро се спротивставуваат на забраната, при што 82 од нив очекуваат намалување на прометот.
XS
SM
MD
LG