Достапни линкови

Над 800 загинати во Ирак минатиот месец


ОН денеска соопштија дека скоро 800 луѓе биле убиени во насилствата низ Иран во мај, со што претходниот месец е најкрвав во земјата оваа година. Повеќе од 600 од загинатите биле цивили, а 196 се припадници на ирачките безбедносни сили. Во оваа бројка не се вклучени загинатите во западната провинција Анбар, каде што милитантите во декември зазедоа делови од градовите Фалуџа и Рамади. Освен Анбар, најмногу погоден од насилствата е Багдад каде што беа убиени 315 луѓе. Претставникот на Он во Ирак, Николај Младинов, во денешното соопштение ги повикува политичките лидери „брзо да работат на формирање инклузивна влада“ по изборите од 30 април.
XS
SM
MD
LG