Достапни линкови

logo-print

Украина бара Русија да го признае Порошенко за претседател


Новоизбраниот претседател на Украина Петро Порошенко.

Новоизбраниот претседател на Украина Петро Порошенко.

Украина соопшти дека Русија треба да го признае новоизбраниот претседател Петро Порошенко во пресрет на утрешните разговори за долгот и за цените за гасот на кои ќе учествуваат претставници на Москва, Киев и на ЕУ. В.д. министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Дешчицја, изјави дека Русија требаше досега да ја признае победата на Порошенко на претседателските избори од 25 мај. Рускиот претседател Владимир Путин пред изборите вети дека ќе ја почитува волјата на украинските гласачи. Наместо тоа, вели Дешчицја, Москва започна голема кампања за убедување на големите сили да не ја признаат победата на прозападниот Порошенко.
XS
SM
MD
LG