Достапни линкови

Политичка криза во Абхазија


Двајцата луѓе што тврдат дека се претседатели на Абхазија денеска треба да се сретнат и да разговараат за политичката криза, тврди едниот од нив, додека другиот негира. Александар Анкваб и Валериј Бганба тврдат дека се претседатели на Абхазија, отцепениот грузиски регион каде што Русија има распоредено свои сили од војната против Грузија во 2008 година. Де факто претседателот Анкваб се крие во руска воена база, каде што избега откако опозициските демонстранти упаднаа во неговиот кабинет на 27 мај барајќи оставка од владата. Анкваб го отфрли гласањето за негова недоверба во парламентот и повиците да се повлече. Негов помошник негира дека планира да се сретне со неговиот опонент. Опозициските пратеници кои ја контролираат зградата на парламентот вчера го избраа претседателот на Собранието, Бганба, за в.д. претседател и распишаа предвремени претседателски избори за 24 август.
XS
SM
MD
LG