Достапни линкови

Хејгел се надева на помирување со авганистанските милитанти


Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

Американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел изјави дека се надева оти договорот за ослободување на единствениот американски војник кој беше држен во заложништво од страна на Талибанците може да доведе до напредок во напорите за помирување со авганистанските милитанти. Според договорот за ослободување на наредникот Боув Бергдал, петмина затвореници од Гвантанамо беа ослободени и однесени во Катар. Хејгел рече дека американската влада долго време се обидувала да го ослободи Бергдал. Американскиот секретар за одбрана Хејгел денеска пристигна во Авганистан, откако Бергдал беше ослободен вчера по пет години во талибанско заточеништво.
XS
SM
MD
LG