Достапни линкови

Бојан Пајтиќ - нов претседател на српската Демократска партија


Нов претседател на српската Демократска партија (ДС) е Бојан Пајтиќ, кој синоќа, на Изборното собрание на ДС, го победи досегашниот претседател и единствен противкандидат Драган Ѓилас.

Пајтиќ освои 1.461 гласови, додека за Ѓилас гласаа 1.277 делегати.
Пајтиќ во обраќањето пред делегатите рече дека ова се последни избори во ДС кои се спроведуваат по делегатски систем и дека секои следни избори ќе бидат непосредни. Тој порача и дека сета своја енергија, знаење и сила ќе ги вложи во консолидација на партијата.
XS
SM
MD
LG