Достапни линкови

Неделен печат - Опозиција, немири и тужби


Неделниците обработуваат разновиидни теми, од немирите во Ѓорге, до состојбите во опозицијата, тужбата на Груевски против Заев, евроинтеграциите, случајот со офталмологот Ставриќ.

Во денешниот преглед на пишувањето на неделниците, ќе си дозволиме да „прошетаме“ низ листата содржини, заради изобилството теми што ги обработуваат. Он-лајн магазинот Глобус, на пример, пишува за немирните ноќи во Ѓорче Петров: „Тоа што дојде до нереди во оваа скопска населба, што еден живот е загубен, а меѓунационалните односи еродирани, сепак е вина на граѓаните, а не на полицијата; граѓаните со години си ги знаат проблемите, ама упорно си ги избираат „успешните“, кои потоа, како неодамна, - ги пцујат и каменуваат!“
Тоа што дојде до нереди во оваа скопска населба, што еден живот е загубен, а меѓунационалните односи еродирани, сепак е вина на граѓаните, а не на полицијата.
Глобус.


„СДСМ достави вештачење на гласот на Груевски, обвинителот Зврлевски вети изјаснување“, е насловот на другата содржина, покрај повеќето актуелни, во Глобус.
Протести во Ѓорче Петров.
Протести во Ѓорче Петров.


Република на насловната ја најавува својата главна тема - обвинување: „Заев има јасна цел - Македонија без препорака за преговори со ЕУ“, теза со која владејачката партија ја коментира одлуката на опозициските пратеници да не ги прифаат освоените мандати.
Дали доктор Ставриќ влезе во групата на политички затвореници затоа што со своите жестоки изјави, додека беше предводник на лекарскиот штрајк, стана трн во очите на министерот Тодоров и на премиерот Груевски?
Фокус.


Неделникот ја разработува истава тема под наслов: „Кандидатскиот статус во заложништво на СДСМ“. Листајќи го неделникот читаме и дека: „Опозицијата остана без енергија за криза - Роза за целосно фијаско“, каде што наведува дека непослушноста на Роза Топузова е само капка во вителот на немоќта на опозицијата, а дека СДСМ чекорел кон фанатизам во борбата за освојување на власта.

Република го одбира Ивор Мицковски, до неодамна активен член на СДСМ и активен колумнист со остра критичка мисла против власта на Груевски, за интервју. Веројатно на редакцијата ѝ се видел интересен поради критицизмот против Зоран Заев и начинот на дејствување на опозициската партија откако е избран за нејзин прв човек.

Од содржината на Фокус ја издвојуваме анализата за тоа зошто премиерот Груевски го тужи Заев во врска со наводите за земање мито за продажбата на Македонска банка. „Со тужбата Груевски бара неверојатни 500 илјади евра отштета од Заев - висината на сумата е одраз на револтот предизвикан кај Груевски или намера за финансиско исцрпување на опозицискиот лидер кој важи за еден од најголемите финансиери на партијата“, загатнува Фокус.

„ВМРО-ДПМНЕ меѓу Исток и Запад“, насловува друга анализа Фокус. „Руско-американски судир на дворот. Груевски е распнат одвнатре. Неговиот политички хабитус е како на двојна личност - со срцето е кај Путин, со разумот сè уште во ЕУ и во НАТО, барем додека „не се распаднат“!“ И за случајот со офталмологот Ставриќ: „ Дали доктор Ставриќ влезе во групата на политички затвореници затоа што со своите жестоки изјави, додека беше предводник на лекарскиот штрајк, стана трн во очите на министерот Тодоров и на премиерот Груевски?“, прашува Фокус во анализата.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG