Достапни линкови

Медведев - Украина слободно може да излезе од ЗНД


Рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека Украина слободно може да излезе од Заедницата на независни држави(ЗНД), но предупреди дека тоа ќе значи и откажување од привилегиите што ги нуди слободната трговска зона. Медведев ова го изјави вчера во Минск на седницата на Советот на премиери на ЗНД. Украински пратеници на 14 март предложија закон според кој Украина треба да излезе од ЗНД поради руската анексија на Крим. Рускиот премиер рече дека за тоа прашање не било разговарано на собирот на ЗНД во Минск, поради тоа што шефот на украинската делегација, украинскиот амбасадор во Белорусија, нема „големи овластувања“. Во Минск се сретнаа премиерите или вицепремиерите на Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Русија, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.
XS
SM
MD
LG