Достапни линкови

Осуммина обвинети за тероризам во Кина


Обвинителите во западна Кина обвинија осум луѓе за тероризам поради минатогодишниот напад кај Портата Тјенанмен во Пекинг. Судењето ќе се одржи во Урумчи, главниот град на северозападната провинција Ксинџијанг. Во нападот од 28 октомври минатата година загинаа двајца туристи и тројца напаѓачи, а 40 луѓе беа повредени. Осумтемина осомничени беа уапсени неколку дена откако група мажи со автомобил влетаа во група туристи по што запреа кај познатата порта во Пекинг и го запалија возилото. Кинеските власти ги обвинија муслиманските ујгурски сепаратисти за нападот.
XS
SM
MD
LG