Достапни линкови

logo-print

Jужнокорејски мисионер на доживотна тешка работа во Северна Кореја


Илустрација.

Илустрација.

Северна Кореја осуди јужнокорејски мисионер на доживотна тешка работа поради шпионажа и обид за воспоставување нелегална црква. Севернокорејските државни медиуми денеска објавија дека обвинителството барало смртна казна за христијанскиот свештеник Ким Џеонг-Вук поради „религиозни дела“ кои го нарушуваат достоинството на Врховното раководство на Северна Кореја. Тој исто така бил обвинет за субверзивни дела против државата, шпионажа, антидржавна пропаганда и агитација и нелегален влез во Северна Кореја. Колегите активисти и мисионери велат дека свештеникот седум години обезбедувал засолниште и храна за севернокорејските бегалци кои живеат во пограничниот град Дандонг во Кина. Тие велат дека свештеникот бил уапсен во октомври 2013 година, откако ја поминал граничната река Јалу, во потрага по севернокорејски бегалци кои биле уапсени од кинеските власти во Дандонг и вратени назад во нивната матична земја.
XS
SM
MD
LG