Достапни линкови

logo-print

Спотот за Гангам стајл на Јутјуб гледан над две милијарди пати


Спотот за изненадувачки големиот хит „Гангам стајл“ на јужнокорејската ѕвезда Псај постигна нов интернет рекорд, станувајќи прво видео објавено на Јутјуб кое е гледано над две милијарди пати. Видео-спотот беше објавен на Јутјуб на 15 јули 2012 година. На второ место е спотот за песната „Бејби“ на Џастин Бибер кој е поставен на Јутјуб во февруари 2010 година, и кој е гледан речиси двојно помалку пати, но е единствено видео, покрај „Гангам стајл“ кое е гледано над една милијарда пати.
XS
SM
MD
LG