Достапни линкови

Хејгел воздржан кон Русија, критичен кон Кина


Aмериканскиот секретар за одбрана, Чак Хејгел.

Aмериканскиот секретар за одбрана, Чак Хејгел.

Претседателот на Комисијата за меѓународни прашања на Советот на Руската Федерација, Михаил Маргелов, оцени дека презентацијата на американската делегација на меѓународниот безбедносен форум во Сингапур била „воздржана“ во однос на Русија. Зборувајќи пред новинарите во Сингапур по обраќањето на американскиот секретар за одбрана, Чак Хејгел, на форумот за дијалог Шангри-Ла, Маргелов денеска рече дека Хејгел „намерно не се фокусирал на руско-американските спорови“ за кризата во Украина и оти „избегнал критички изјави кон Русија“.

Хејгел во говорот се фокусираше на ребалансирањето на американската регионална безбедност во азиско-пацифичкиот регион. Тој го критикуваше однесувањето на Кина во регионот, како и севернокорејската нуклеарна програма и програмата за балистички ракети. Според него, територијалните претензии на Кина во Јужното Кинеско Море го дестабилизираат регионот и го загрозуваат меѓународниот поредок. Хејгел исто така ја обвини Кина за сајбер тероризам.

Тоа, пак, предизвика остри реакции од кинеските воени власти кои оценија дека Хејгел се заканува. Заменик началникот на Генералштабот на кинеската армија, Ванг Гуанжонг, рече дека говорот на Хејгел поттикнува нестабилност во азискиот регион.

Пред две недели САД обвинија петмина кинески воени претставници за хакирање на компјутерите на американски фирми и за индустриска шпионажа.
XS
SM
MD
LG