Достапни линкови

Косово примено како набљудувач во Парламентарното Собрание на НАТО


Илустрација.

Илустрација.

Косово и официјално е применo како набљудувач во Парламентарното Собрание на НАТО. Одлуката е донесена синоќа во Литванија, каде се одржува Пролетната сесија на Парламентарното Собрание на НАТО, јави дописникот на МИА.
Претставникот на Косово, Џавит Халити, изјавил дека е многу среќен за донесена одлука во интерес на Косово и неговата определба за членство во Алијансата во иднина.

Задоволство од ваквиот чекор кој го доближува Косово до членството во НАТО изразил и албанскиот претставник Пандели Мајко.

За косовскиот премиер во заминување, Хашим Тачи ова е надежна одлука за Косово.
XS
SM
MD
LG