Достапни линкови

Петмина уапсени за силување и убиство на две девојки во Индија


Илустрација.

Илустрација.

Полицијата во Индија, која се соочува со меѓународни критики зашто веднаш не го истражи исчезнувањето на две тинејџерки кои подоцна биле групно силувани и обесени на дрво, соопшти дека уапсила петмина осомничени за случајот. Меѓу нив има и двајца локални полицајци од Областа Бадаун во државата Утар Прадеш во северна Индија. Жртвите, кои се на 14 и на 16-годишна возраст, се од ниската каста Далит. Припадниците на оваа заедница често се соочуваат со дискриминација во Индија. Таткото на девојките ја обвини локалната полиција дека одбила да ја прифати неговата пријава по нивното исчезнување на 27 мај. Овој случај, како и „убиството поради чест“ на жена во пакистанскиот град Лахоре, каде што полицијата исто така не реагираше, се најновите показатели за маките со кои се соочуваат жените во регионот.
XS
SM
MD
LG