Достапни линкови

logo-print

Десетици илјади полицајци го обезбедуваат Истанбул пред протестите


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Турција ги зајакнува безбедносните мерки во пресрет на демонстрациите за одбележување на првата годишнина од масовните антивладини протести, најавени за денеска. Илјадници полицајци се распоредени на Плоштадот Таксим во центарот на Истанбул. Турските медиуми јавуваат дека околу 25 илјади полицајци, како и десетици камиони со водени топови и оклопни возила ќе бидат распоредени во градот. Премиерот Реџеп Таип Ердоган претходно ги повика младите да ги игнорираат повиците за собир за одбележувањето на годишнината од ланските протести, кои избувнаа поради плановите за реконструкција на Паркот Гези во Истанбул, но по крвавата полициска интервенција се претворија во масовни антивладини протести. Неколкумина луѓе загинаа, а илјадници беа повредени во немирите што следуваа. Денеска се очекуваат протести и во неколку други градови, меѓу кои и во Анкара, Измир и во Антакија.
XS
SM
MD
LG