Достапни линкови

Руски авантурист го превесла Тихиот Океан


Илустрација.

Илустрација.

Рускиот авантурист, 62-годишниот Фјодор Коњухов кој самостојно тргна со веслање да го помине Тихиот Океан во декември минатата година денеска го заврши патувањето. Тој денеска пристигна во туристичкото место Мулулаба во Австралија, откако успешно го заврши 160-дневното патување кое започна во чилеанското пристаниште Конкон на 22 декември. Коњухов, кој е уметник по професија, претходно се качи на највисокиот врв во светот, Монт Еверест, само пловел преку Атлантскиот Океан и бил на неколку патувања на Северниот Пол. Вели дека планира да го заобиколи светот со балон без слетување.
XS
SM
MD
LG