Достапни линкови

Вработување преку стратегија за млади


Зоран Илиески, Коалиција на невладини организации „Сега“.
Зоран Илиески, Коалиција на невладини организации „Сега“.

Потребна е сериозна интервенција во сите политики кои би го поддржале младиот човек кај нас, започнувајќи од реформи во основното и високото образование, подобрување на студентскиот стандард, синхронизација на образовниот процес со потребите на пазарот на трудот, посебни мерки за поддршка и субвенционирање на вработувањето на младите и на крај мерки за нивно домување, пишува Зоран Илиески од Коалицијата на невладини организации „Сега“ во младинската он-лајн-колумна на Радио Слободна Европа.

Скоро секој млад човек кој завршил средно или високо образование се соочува со истото прашање секое утро. Основната помисла е „каде да најдам работа или како да заминам од државава“. Причините за ваквата состојба не се едноставни, но главно се базираат на борбата за егзистенција и пристоен живот на младиот човек.
Големата безработица, а и можноста на работодавците да исплаќаат ниски плати ги тера младите својот излез да го бараат надвор, во некои од Европските или прекуокеанските држави.

Факт е дека на ова се спремни не само младите кои останале со средно образование па немаат излез од актуелната состојба, туку напротив, веќе сè поголем е бројот на младите кои се со завршено високо образование и својата иднина ја гледаат надвор од Македонија. Ако се погледне извештајот „Младинска невработеност - 2013“ од Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество, може веднаш да се констатира дека ваквото расположение на младите е и сосема релевантно. Според истиот извештај, стапката на невработеност на младите (на возраст од 15-24 години) е скоро два пати поголема од колку кај возрасните, таа изнесува 52,1 отсто во третиот квартал од 2012 година. Доколку пак го земеме фактот што најголем процент од невработените млади, дури 71,9 отсто бараат работа во период повеќе од една година, тогаш јасно се покажува причината за апатичната и без надежната состојбата на младите кај нас.

Оваа состојба се провлекува скоро децении и битно влијае на општото незадоволство кај младите, што, пак, резултира со недоверба во институциите на системот, сметајќи дека кај нив нема капацитет да делуваат кон решавање на овај нај горлив проблем за младите.

Нашите истражувања исто така покажуваат дека младите се разочарани од неможноста да се најде работа и за која соодветно ќе се заработи, барем за пристоен живот. Големата безработица, а и можноста на работодавците да исплаќаат ниски плати ги тера младите својот излез да го бараат надвор, во некои од европските или прекуокеанските држави. Ова, пак, им овозможува на работодавците да манипулираат со давање на ниски плати на младите бидејќи има голем број на останати кои би прифатиле да работат за истата плата. Ваквата појава мора да се спречи, ќе мора да се зголеми нивото на минималната плата, за високообразовните млади да работат за пристојна заработувачка.

Се сомневам дека некои од мерките на владата (кои и не се така бројни) за поддршка на вработувањето на младите ќе бидат задоцнети. Ќе мора владата да креира нови мерки и механизми, издвојувајќи соодветен буџет за тоа, за да го пресретне овај тренд кај младите. Во спротивно ќе имаме сè повеќе случаи во кои по кој било основ младите ќе бидат спремни да заминат, не заради друго туку заради еден пристоен живот за кој сонува секој млад човек.
Потребна е сериозна интервенција во сите политики кои би го поддржале младиот човек кај нас, започнувајќи од реформи во основното и високото образование, подобрување на студентскиот стандард, синхронизација на образовниот процес со потребите на пазарот на трудот, посебни мерки за поддршка и субвенционирање на вработувањето на младите и на крај мерки за нивно домување.

Можеби ќе звучи песимистички, но за жал сè уште сме далеку од европските порти. Ние скоро секојдневно комуницираме со наши европски партнери, ги следиме европските политики и трендови на нивните влади, затоа можам да заклучам дека кај нас властите се преокупирани со некои неважни прашања кои битно не би го промениле животот на младите.

Потребна е сериозна интервенција во сите политики кои би го поддржале младиот човек кај нас, започнувајќи од реформи во основното и високото образование, подобрување на студентскиот стандард, синхронизација на образовниот процес со потребите на пазарот на трудот, посебни мерки за поддршка и субвенционирање на вработувањето на младите и на крај мерки за нивно домување. Ова е долгорочен процес, но да се одговори на сите овие предизвици неопходна е нова стратегија за млади. Доколку го земеме фактот дека поседната (и единствена до осамостојувањето до денес) Национална стратегија за млади престанува да важи во 2015 година, ќе мора под итно да се алармира до сите институции кои третираат одредени младински прашања сериозно да се вклучат во креирањето на нов стратешки документ за младите во Македонија.

Посебно е важно Агенцијата за млади и спорт да примени методологија во која ќе ги вклучи младите во процесот на утврдување на нивните потреби, но и да обезбеди сериозен пристап од страна на останатите институции кои ќе ја преземаат одговорноста да ги спроведат мерките кои ќе бидат усвоени во новата стратегија за млади.
XS
SM
MD
LG