Достапни линкови

Прогрес во преговорите меѓу Украина и Русија за гасот


Русија и Украина направиле прогрес на разговорите во Берлин за проблемите со испраката на гас, а повторно ќе се состанат во понеделник во Брисел доколку Киев изврши делумна уплата за досегашниот долг, соопшти посредникот од Европската Унија Гинтер Отингер. Украинскиот министер за енергија Јуриј Продан изјави дека Киев денеска платил 786 милиони долари за увезениот руски гас, додавајки дека Газпром сака да разговара за решение во пакет. Газпром соопшти дека до 7-ми јуни, долгот на Украина ќе изнесува 5,2 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG