Достапни линкови

Џафери: Заеднички против тероризмот


Тероризмот можеме да го победиме преку кооперативна безбедност и промоција на заедничките споделени демократски вредности на човековото битие. Таа појава може да биде победена само со ангажирање на сите општествени ресурси, вклучително и функционални политички, економски, правни и социјални системи.
Тоа го истакнал министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, во обраќањето на Форумот „2 Be Secure“, кој се одржува денес и утре во Будва, Црна Гора.

Според соопштението од Министерството за одбрана, министерот Џафери нагласил дека за да можеме да се бориме со предизвикот на тероризмот, кој секогаш е чекор пред нас и постојано еволуира, потребно е да се разбере неговата суштина, причините за појавување и целите кои сака да ги постигне.

Според Џафери, тероризмот се издига на ниво на глобален феномен и затоа борбата против него е комплексна, сложена. - Сите ние на еден или на друг начин придонесуваме кон борбата против тероризмот, а нашето учество во антитерористичката коалиција предводена од НАТО во рамките на силите ИСАФ во Авганистан, како и во веќе завршената мисија „Слобода за Ирак“ во Ирак, го говори токму тоа, рече министерот Џафери.
XS
SM
MD
LG