Достапни линкови

logo-print

Адеми: продолжуваат разговорите за составот на новата влада


Абрулаќим Адеми

Абрулаќим Адеми

ДУИ и ВМРО ДПМНЕ ја завршија првата фаза од усогласување на владината програма и сега разговараат за поделба на ресорите. Ова го истакна Абдулаќим Адеми, вицепремиер и член на раководството на ДУИ денеска одговарајќи на новинарски прашања по учеството на Конференцијата за климатски промени во Тетово. „Многу скоро јавноста ќе биде запозната со договорот за формирањето на новата влада на коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, но засега не може да се посочат конкретни имиња за соодветните функции“, рече Адеми.
XS
SM
MD
LG