Достапни линкови

Во Тетово конференција за климатските промени


Абдулаќим Адеми

Абдулаќим Адеми

На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денеска почна дводневна конференција насловена „Глобален предизвик, локална акција“ во организација на проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени спроведуван од Милиеуконтакт Македонија. Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаќим Адеми ги посочи преземените мерки од страна на државата за справување со климатските промени. Американскиот амбасадор Пол Волерс рече дека климатските промени се светски предизвик но кои треба да се решаваат и на локално ниво согласно нивните спецификите и контекст.
XS
SM
MD
LG