Достапни линкови

Само голема сила може да го реши спорот за името


Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Ако се сака решение на проблемот, неопходно е вклучување на некоја голема сила во барањето компромис, вели поранешниот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски.

Не може да се очекува конечно решение на проблемот за името до самитот на НАТО во септември, оценува Антонио Милошоски, поранешен шеф на дипломатијата, а според некои гласини и можен министер во новата влада. Во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела, тој инсистира дека ако се сака решение на проблемот, неопходно било вклучување на некоја голема сила во барањето компромис. Не може, смета тој, да се очекува дека само со притисок врз Македонија ќе се дојде до решение.
Освен Македонија и Грција, мора да имаме трета, повлијателна и сериозно заинтересирана страна којашто ќе сака да се вклучи во спорот.
Антонио Милошоски, поранешен министер за надворешни работи.
Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

„Освен Македонија и Грција, мора да имаме трета, повлијателна и сериозно заинтересирана страна којашто ќе сака да се вклучи во спорот. Дали тоа ќе бидат САД или Германија, Франција или сите заедно или можеби тоа ќе биде Европската комисија на начин како што посредуваше меѓу Словенија и Хрватска, па ќе се овозможи паралелно почнување на преговорите и нивно течење задно со текот на преговорите за решавање на спорот за името, тоа треба да биде одлучено и освен политичката волја во Македонија и во Грција, да има политичка волја и во Брисел и во Вашингтон да се помогне во решавањето на овој спор“, вели Милошоски.

Неговите процени се дека во овој период скептицизмот кон проширувањето на Европската унија не оди во насока на тоа големите сили да покажат интерес.
Тоа е единствено што останува да се прави, да се молат другите да се вклучат, односно не другите туку Американците и некои значајни земји од ЕУ и да се обидат да направат форум за преговори, затоа што досега ние воопшто не сме преговарале.
Љубомир Фрчкоски, поранешен министер за надворешни работи.

Истовремено со ваквите барања на Милошоски, кој се смета за добро упатен во проблемот за името, се актуелни и гласините дека Владата ќе се заангажирала околу решавањето на прашањето поради кое се блокирани македонските интеграции. Во насока на ова мислење одат и ставовите дека по завршувањето на локалните избори лани и предвремени парламентарни и редовните претседателски избори минатиот месец не се очекува ново соочување со граѓаните што се оценува како олеснителен момент за договор со Грција.

Но, според поранешниот шеф на дипломатијата Љубомир Фрчкоски, ова е задоцнета реакција на ВМРО-ДПМНЕ, а големите сили не сакале да се вклучат поради нарушениот имиџ на земјава. Со оваа позиција, смета тој, Грците имаат и дополнителни аргументи што им ги дала македонската страна како неисполнување на копенхагенските критериуми и поради тоа било неизвесно дали некој ќе сака да се вклучи во барањето решение.

„Недвојбено знам и недвојбено се согласувам дека на ВМРО-ДПМНЕ после девет години им текнало што треба да прават, ама сега мислам дека е малку тешка позицијата. Инаку, тоа е единствено што останува да се прави, да се молат другите да се вклучат, односно не другите туку Американците и некои значајни земји од ЕУ и да се обидат да направат форум за преговори, затоа што досега ние воопшто не сме преговарале“, вели Фрчкоски.

Инаку што се однесува до проблемот за името, Милошоски вели и дека со ДУИ имаат различни сфаќања за две работи. Првата, како што објаснува, била поради ставот дека конкретни работи за предлозите на посредникот Нимиц не треба да се објавуваат бидејќи можеле да наштетат на процесот, а втората е во однос на нивната процена дека квалитетот на решението бил поважен отколку брзината со која ќе се дошло до компромисот, на која инсистирала ДУИ.
  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG