Достапни линкови

Без цивилизирани политичари, нема цивилизиран дијалог, велат познавачите. Тие сметаат дека и овојпат политичката криза ќе се надминува со странска помош.

Дијалог е можен само меѓу цивилизирани структури, какви што нема во власта, и токму затоа политички дијалог во земјава не е можен, вели професор Мерсел Биљали. Тоа се покаже и досега, вели Биљали, наведувајќи го дијалогот за настаните од 24 декември.
Не е можен тој дијалог со структура која апсолутно резултатот на дијалог може да го прогласи за тоалет хартија.


„Не е можен тој дијалог со структура која апсолутно резултатот на дијалог може да го прогласи за тоалет хартија. Опозицијата треба да излобира дејствување или посредување на сериозен и релевантен меѓународен фактор за да може да се донесе некакво решение, поинаку дијалог власт-опозиција тука е како неостварлив сон“, вели Биљали.

Односите власт – опозиција неколкупати до сега се доведувани до вакво дереџе, опозицијата бојкотира, бара техничка влада, власта останува глува, се додека не дојде помош од странство, па потоа, политичките противници седнуваат на маса и водат политички дијалог, па се прават отстапки, се потпишуваат договори до кои никој не се придружува, па следат избори и се така од почеток.
Тука преовладуваат суети, преовладуваат лични и партиски интереси, тука имаме и незрели политичари не можеме да водиме зрела политика.

Искуството покажува дека во земјава не е можен политички дијалог без посредништво на меѓународните претставници. Од 2001 година досега, стана практика за секое прашање, па дури и за најбаналните политички прашања, да се дебатира со посредство или со олеснување на странските претставници, амбасадори, комесари, олеснувачи.

Политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ вели дека политичарите нема да седнат на разговори, ако се оставени сами на себе. Во услови на незрела демократија секогаш на сцена стапува меѓународната заедница, доја мора да седне нашите политичари на маса за да се донесе некое решение, додава Стојадиновиќ.

„Тука преовладуваат суети, преовладуваат лични и партиски интереси, тука имаме и незрели политичари не можеме да водиме зрела политика.“

Професор Биљали вели дека опозицијата освен што треба да лобира за сериозен меѓународен посредник, треба максимално да се организира, да ја повика интелектуалната структура, медиумите, за да се создаде критична маса за промени.

„Логиката на нашиот обичен граѓанин е дека се ќе помине само по себе што е многу лошо, тоа може да трае до недоглед и затоа мора да се издејствува дека промените се неопходни.“

Според СДСМ решение за кризата е создавање услови за формирање техничка влада којашто ќе спроведе фер и регуларни избори. Пратениците од опозицијата поднесоа оставки до Собранието, сега на ред е процедурата во ДИК со кандидатските листи.

Премиерот Никола Груевски ја обвини СДСМ дека поради нивната деструктивната политика Македонија може да ја загуби препораката за почеток на преговори со Европската унија. Тој смета дека враќањето на пратеничките мандати ќе и нанесе голема штета на државата.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев пак вели дека најголем виновник за застојот на евроинтегративните процеси е токму владата.









Алберт, Соња,
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG