Достапни линкови

logo-print

Наместо руските ракети Сојуз, американски приватни


Компанијата СпејсИкс синоќа го претстави нејзиниот нов вселенски брод Драгон В2 кој за три години би требало да почне да ги превезува американските астронаути кон Меѓународната вселенска станица и со тоа да ја прекине зависноста од руските ракети Сојуз. Во изминативе 13 години Соединетите држави исклучиво ги користеа ракетите Сојуз по цена од 70 милиони долари за еден астронаут. Притисокот Соединетите држави што поскоро да направат вселенски брод за превоз на американски астронаути се зголеми откако се влошија односите со Русија околу кризата во Украина.
XS
SM
MD
LG