Достапни линкови

logo-print

Киев: офанзивата на истокот на Украина продолжува


Украинскиот привремен министер за одбрана Михајло Ковал

Украинскиот привремен министер за одбрана Михајло Ковал

Украинскиот привремен министер за одбрана Михајло Ковал денеска изјави дека владините целосно ги истерале проруските бунтовници од делови на истокот на земјата и оти ќе ја продолжат офанзивата се додека не биде воспоставен мир и поредок. „Нашите вооружени сили целосно ги исчистија јужните и западните делови на регионот во Доњецк и северниот дел од Луганск од сепаратистите“ изјави Ковал на прес конференцијата во Киев. Тој ги повтори обвинувањата дека Русија спроведувала специјални операции во источна Украина. Во вчерашното соборување на еден украински воен хеликоптер од страна на прорсуките сепаратисти, загинаа 14 војници меѓу кои и еден генерал. Инаку, денеска во Берлин претставници на Украина и на Русија, со посредство на европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер ќе разговараат за украинскиот долг од 3 ипол милијарди долари за рускиот гас.
XS
SM
MD
LG