Достапни линкови

Иран хакира во САД и Израел


Приватната американска фирмата за сајбер разузнавање Ајсајт соопшти дека ирански хакери креирале лажни новински интернет страници и пристапи на социјални мрежи со цел шпионирање во Соединетите држави и Израел. Според оваа фирма, главни цели биле еден американски адмирал, неколку конгресмени, како и американски персонал во Авганистан, Британија, Ирак, Саудиска Арабија и Сирија. Ајсајт соопшти дека за ова било известено Федералното истражно биро кое одби да ги коментира ваквите наводи.
XS
SM
MD
LG