Достапни линкови

logo-print

Три милијарди евра штети од поплавите во Србија и БиХ


Минатонеделните поплави на Балканот предизвикаа директна штета од околу три милијарди евра, што може негативно да влијаат на економскиот раст, соопшти Европската банка за обнова и развој. Според првични проценки на Банката, Србија претрпела директни штети од 1,5 до 2 милијарди евра, а Босна од 1,3 милијарди евра. Поплавите нанеле значителни штети во земјоделството, а очекуваните загуби во оваа сфера се стотици милиони евра. Сериозно се погодени и производството на електрична енергија и рударството во Србија, додека поплавите нанесоа оштетувања на транспортната инфраструктура на двете земји. Последиците од поплавите може дополнително да ги забават реформите во двете држави, предупредува банката.
XS
SM
MD
LG