Достапни линкови

logo-print

Групата од Дреница ослободена од обвиненијата за воени злосторства


Основниот суд во Косовска Митровица ја ослободи „Групата од Дреница“, која беше обвинета за воени злосторства врз цивилно население, апсење, малтретирање и нечовечко однесување врз лица во логорот на ОВК во Ликовац, во близина на Србица во 1988 година.
Деветмината осомничени, меѓу кои косовскиот амбасадор во Тирана, Сулејман Селими се ослободени од обвиненијата поради недостиг на докази. Тие една година беа во притвор, врз основа на обвинението кое го покрена Еулекс.
XS
SM
MD
LG