Достапни линкови

Временска прогноза-променливо облачно


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне на места се уште ќе врне дожд кој ќе престанува во текот на денот, а попладне ќе има појава на ретки грмежи, посебно на крајниот исток каде што ќе има поинтензивни врнежи и краткотрајна нестабилност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер претежно долж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне можни се повремени врнежи од дожд, а попладне ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 22 степени.
XS
SM
MD
LG