Достапни линкови

Хрватска: сменет министер го обвинува премиерот


Поранешниот хрватски министер за финансии Славко Линиќ

Поранешниот хрватски министер за финансии Славко Линиќ

Поранешниот хрватски министер за финансии Славко Линиќ, кој беше сменет од функцијата пред неколку недели денеска го обвини премиерот Зоран Милановиќ за корупција и медиумска манипулација. Според екс министерот, Милановиќ именувал свои пријатели на високи функции во државната администрација и на клучни економски позиции и овозможил поволни кредити за членови на своето семејство. Линиќ, кој е пратеник, најави дека ќе се обиде да издејствува разгледување на ова прашање во Парламентот. Милановиќ го смени Линиќ од функцијата со образложение за незаконско отпишување долгови на државна компанија.
XS
SM
MD
LG