Достапни линкови

Екс муфтија, кандидат за Претседателството на БиХ


Мустафа Цериќ

Мустафа Цериќ

Поранешниот влијателен босански муфтија Мустафа Цериќ соопшти дека ќе се кандидира за место во трипартитното претседателство на општите избори што ќе содржат на 8 октомври. Тој денеска изјави дека ќе биде независен кандидат. Двете други места во Претседателството се резервирани за претставници на хрватите и на србите. Цериќ во 2012 година се повлече од Исламската заедница во БиХ. Негов најголем ривал е сегашниот претставник на бошњаците во Претседателството Бакир Изетбеговиќ.
XS
SM
MD
LG