Достапни линкови

Уставниот суд на Турција ја укина забраната за Јутјуб


Турскиот Уставен суд пресуди дека забраната на Јутјуб претставува кршење на правото за слободно изразување. Државната новинска агенција Анадолија денеска објави дека Судот ќе ги извести органите кои треба да го обноват пристапот кон оваа веб страница. Турската влада ја блокира страницата кон крајот на март бидејќи таму беа постирани снимки со кои наводно се открива корупција во кругови блиски на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Во минатиот месец беше укината слична забрана и за пристапот на Твитер во Турција.
XS
SM
MD
LG