Достапни линкови

Меѓуетничка толеранција кај луѓето е многу ниска поради нервозата кај граѓаните, пред се предизвикана од нискиот економски стандард.

Прагот на меѓуетничка толеранција кај луѓето е многу низок, а политичките партии ги користат тие односи за воспоставување на своето владеење, велат експертите и затоа лесно доаѓа до избувнување и предизвикување тензии. Граѓаните кои ги анкетиравме за рубриката Хајд Парк на нашата веб страница велат дека омразата кај граѓаните потекнува пред сè од лошата економска ситуација во земјата.
Тие односи создаваат сè поголема омраза меѓу луѓето и се мразат поради економската ситуација, невработеноста, немањето пари.

„Тие односи создаваат сè поголема омраза меѓу луѓето и се мразат поради економската ситуација, невработеноста, немањето пари. Сето тоа ги прават луѓето нервозни, да се мразат еден со друг, не само од различната националност.“

„Веќе и народот не се трпи меѓу себе, како да ви кажам, комшија со комшија. Не е како порано, некој пат било, што викаат, да му умре козата на комшијата, сега и комшијата да умре и козата да му ја земам и сè“, велат граѓаните.

Тоа е причината поради која политичките партии така лесно ги искористуваат меѓуетничките односи за свои цели, додаваат граѓаните. Некои од нив ги обвинуваат и луѓето кои, според нив, не мислат со своја глава.

„Нема никаква корист, но политичките партии знаат да го искористат тоа и место да ги смируваат, тие со многу изјави ги разгоруваат страстите.“

„Можеби има удел политиката во тоа, но ако луѓето не размислуваат трезвено и не гледаат напред, ништо не може да се направи.“

„Сите, и ВМРО и СДСМ, сите.“

„Па тие се најглавни, најважни, политичарите. Ние граѓаните не можеме ништо да направиме“, велат дел од анкетираните.

Хајд Парк - Кој ги подгрева меѓуетничките тензии? Погледенете го видеото и коментирајте тука. Професор Мирјана Најчевска вели дека луѓето генерално се незадоволни од својата социјална положба, неостварувањето на нивните права и не можноста да ги задоволат сопствените потреби и интереси.

„Меѓутоа, кога една партија настапува со паролата - сакаме избори за да можеме да освоиме толку и толку пратенички места за да не може да бидеме уценувани од страна на албанските политички партии, автоматски тоа гради основа, база за неверојатно голем анимозитет и неверојатно големо нетрпение кај граѓаните кон другата етничка заедница“, вели таа.

Според Најчевска излезот е долгорочно делување на градење на граѓанска, наместо етничка држава, што воопшто не е присутно во изминатите дваесетина години во Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG