Достапни линкови

Жестоки борби кај Словјанск


Украинскиот привремен претседател Олександар Турчинов изјави дека 14 војници, вклучувајќи и еден генерал загинале откако проруските сепаратисти собориле воен хеликоптер во близина на Словјанск каде што имало интензивни борби. Украинските владини сили ја продолжуваат офанзивата против сепаратистите на истокот на Украина. Тие пак денеска соопштија дека држат четворица посматрачи на ОБСЕ кои исчезнаа во почетокот на неделата. Во меѓувреме, Русија побара од владата во Киев да ја запре офанзивата и побара од Западот да ја спречи катастрофата во Украина.
XS
SM
MD
LG