Достапни линкови

Во Астана разговори и за проширување на Евро-азијската царинска унија


Откако претседателите на Русија, Казахстан и Белорусија, Владимир Путин, Нурсултан Назарбаев и Александар Лукашенко, денеска во Астана го потпишаа договорот за формирање на Евро-азијска економска унија, на состанокот им се приклучија и претседателите на Ерменија и на Азербејџан, кои исто така искажаа намера да и се приклучат на оваа унија. Истовремено, Путин и претседателот на Киргистан, Атамбаев, го потпишаа планот за приклучување на Киргистан во царинската Унија.
На одвоената средба на Путин со претседателот на Казахстан, Назарбаев, бил потпишан меморандум за изградба на прва нуклеарна централа во Казахстан.
XS
SM
MD
LG