Достапни линкови

Груевски: СДСМ и прави штета на државата


СДСМ во моментов изгледа како возило пуштено во удолница без водач. Дејствуваат по инерција и главната стратегија им е да направат што е можно повеќе штета на Република Македонија.
Ова денеска го изјави премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање за враќањето на пратеничките мандати на СДСМ.
- Шансата на ваков начин да се загуби препораката од Европската унија е огромна. Мислам дека најсреќен човек во тој момент ќе биде Зоран Заев. Тоа не е стратегија, тоа е деструктивна политика што ја водеше Бранко Црвенковски, а сега ја продолжува Зоран Заев, изјави Груевски по промоцијата на новите пет тома од капиталната едиција „Македонски искушенија“.
XS
SM
MD
LG