Достапни линкови

Порошенко и официјално победник на претседателските избори во Украина


Украинскиот привремен претседател Олександр Турчинов изјави денеска во парламентот во Киев, дека по пребројаните гласови од неделните претседателски избори, Петро Порошенко освоил 54,7 отсто од гласовите, со што е избран за претседател и му ја честита победата. Поранешната премиерка Јулија Тимошенко освоила 13 отсто. Турчинов исто така потврди дека Виталиј Кличко победил на изборите за градоначалник на Киев, кои се одржаа во ист ден со претседателските.
XS
SM
MD
LG