Достапни линкови

Една третина од светската популација е со прекумерна тежина


Една третина од светската популација е со прекумерна тежина, покажува студијата на медицинскиот магазин Лансет, објавена денеска, а во која биле опфатени 188 држави. Според ова истражување, 2,1 милијарда луѓе во светот се со прекумерна тежина, од нив најмногу во На Блискиот Исток и во Северна Африка. Сепак, на прво место се Соединетите Држави со 13 отсто луѓе со прекумерна тежина од вкупниот број на планетата, а во првите 10 се и Кина, Индија, Русија и Пакистан. Луѓето со прекумерна тежина се поризични во врска со кардио-васкуларните заболувања, рак, дијабетис, остеоартритис и други болести.
XS
SM
MD
LG