Достапни линкови

logo-print

Украина до вечер треба да го плати долгот за рускиот гас


Вечер на полноќ истекува рокот што Русија и го даде на Украина за да го плати долгот за испорачаниот гас, кој изнесува 2 милијарди долари. Директорот на Газпром, Алексеј Милер вчера изјави дека доколку Украина не плати, на 3-ти јуни ќе биде прекинато снабдувањето, што ќе значи без гас ќе останат и земјите во Европа кои се снабдуваат со гас преку гасоводот кој поминува низ Украина. Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека долгот на Украина за гас е веќе преголем и оти е невозможно да не реагира. Во Берлин, германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајмаер оцени дека нарушувањето во снабдувањето со руски гас ќе има последици врз сите страни и оти руската енергетска политика не треба да стане субјект на поголем политички конфликт меѓу Истокот и Западот.
XS
SM
MD
LG