Достапни линкови

Ал Сиси победник на претседателските избори во Египет



Абдел Фатах Ал Сиси, поранешен шеф на египетската армија, прогласи убедлива победа на претседателските избори, со освоени над 92 отсто од гласовите. Според денеска објавените прелиминарни резултати, Ал Сиси добил 23 милиони гласа, а неговиот единствен против – кандидат Хамдин Сабахи околу 735 илјади. Три-дневното гласање за претседателските избори во Египет заврши вчера, а очекувана беше победата на Ал Сиси, кој лани во јули го отстрани од власт исламистичкиот претседател Мохамед Морси. Муслиманското братство ги бојкотираше изборите.
XS
SM
MD
LG