Достапни линкови

logo-print

Руски претставници се сретнаа со лидерот на Абхазија


Официјални лица од администрацијата на рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа со Александар Aнкваб, кој де факто е претседател на отцепениот грузиски регион, Абхазија, како и со лидерите на опозицијата, кои ја презедоа контролата врз седиштето на Aнкваб во Сухуми. Изутрината по средбите опозицијата сè уште ја имаше контролата врз претседателската зграда во Сухуми. Заменик-секретарот на Советот за безбедност Рашид Нургалијев синоќа се сретна со Aнкваб. Тој оцени дека освојувањето на неговата канцеларија од политичките противници претставува обид за државен удар. Во меѓувреме и помошникот на Путин Владислав Сурков, исто така, имал средба со Aнкваб синоќа, како и со лидерите на опозицијата. Опозицијата бара оставка од владата.
XS
SM
MD
LG