Достапни линкови

Путин во посета на Казахстан


Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Казахстан за да го потпише договорот за формирање на Руско- евроазиската економска унија со Казахстан и Белорусија. Путин изутрината пристигна во Астана, каде што се среќава со претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев и белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Со потпишување на договорот формално ќе се создаде територија за унифицирани царински тарифи од 1 јануари, 2015 година. Подоцна, Путин и Назарбаев планираат да се сретнат одделно за да се потпише меморандум за изградба на првата нуклеарна централа во Казахстан. Новата нуклеарна централа ќе биде изградена со користење на руска технологија.
XS
SM
MD
LG