Достапни линкови

Карзаи ја поздрави одлуката за американските војници


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ја поздрави одлуката на САД дека ќе заврши активното воено присуство во Авганистан до крајот на 2016. Тој рече дека крајот на американското воено присуство и преземањето на одговорноста од авганистанските сили за безбедност е главна желба на двајцата претседатели, Владата и на народот на Авганистан. Американскиот претседател Барак Обама рече дека американските војници ќе останат во советодавна улога до крајот на 2016 година, под претпоставка дека долгоодложуваниот безбедносен договор помеѓу двете земји ќе биде потпишан од следната авганистанската влада.
XS
SM
MD
LG